Два шпански фудбалски клубови – Атлетико Мадрид и Севилја се борат за потписот на напаѓачот на Вулверхемптон, шпанскиот играч Рафаел Мир.
Атлетико секако би била пореална опција за 24-годишниот фудбалер. Наводно се било договорено меѓу клубовите, но тогаш се појавил интересот од Севилја и дошла понуда од 16 милиони евра, пишува „football-espana“.
Напаѓачот би требало да потпише петгодишен договор.
Тој потекнува од школата на Валенсија од каде во 2018 година замина за Англија, но претходните 4 сезони ги помина на позајмици во Лас Палмас, Нотингем и во Уеска.