Поранешниот фудбалер на Рома, Интер и Каљари, Раџа Наинголан веднаш наиде на проблеми по враќањето во Белгија, откако според белгиските медиуми му била одземена возачката дозвола откако бил фатен како вози во алкохолизирана состојба.
33-годишниот Наинголан ги изненади сите со потпишувањето на договорот со Антверпен, и ги обвини Каљари дека го предале откако не му понудиле договор, и веднаш се врати на насловните страници во Белгија со изјавата дека нема да го смени својот стил на живот.
Според „Ниеувсблад“, сега Белгиецот има и легални проблеми – откако бил фатен како вози пребрзо и во алкохолизирана состојба во 4 часот наутро во Антверпен.
Rijbewijs Nainggolan ingetrokken: "Hij reed te snel en was geïntoxiceerd" #Nainggolan @official_rafc https://t.co/VMnwypk6E6 pic.twitter.com/tyUYGX6FHh
— atv.be (@atvbe) August 22, 2021