Владата во Австралија тестира нова апликација која ќе користи технологија за препознавање лица и геолокација за да се осигура дека заразените со коронавирус ги почитуваат правилата за карантин.
Според локалните медиуми, апликацијата наречена „Home Quarantine SA“ ќе се користи во Јужна Австралија, една од австралиските сојузни држави, за да се следат оние што биле ставени во карантин поради инфекција со коронавирус.
Сите жители на Јужна Австралија на кои им е пропишан карантин ќе треба да ја преземат апликацијата на својот мобилен телефон. Државата потоа, во случајно избрано време, ќе испрати текстуална порака и лицето ќе треба да докаже дека е на локацијата каде што треба да биде во изолација.
Конкрето граѓаните во карантин ќе добијат порака од државата која бара со властите да ја споделат својата локација преку апликацијата, но и да се фотографираат на адресата што ја пријавиле како локација на изолација, во рок од 15 минути по добивањето на пораката.
Премиерот на Јужна Австралија, Стивен Маршал, за Еј -би -си изјави дека луѓето во карантин нема да знаат кога и колку често ќе примаат вакви пораки, додавајќи дека ќе ги примаат во случајно одбрани термини.
Луѓето кои нема да одговараат на пораката со фотографија, наскоро ќе добијат телефонски повик односно ќе бидат запрашани зошто не одговориле, а доколку не одговорат на повикот, на нивна адреса ќе биде испратена полиција.
Пробната употреба на апликацијата започна на 23 август со 50 учесници, но премиерот Маршал потврди дека се планира воведување низ цела Јужна Австралија.
Американски „Атлантик“ водедувањето на ваквата опликација го опиша како „орвелско ниво на контрола“.