Американската тенисерка Шелби Роџерс (43-та светска тенисерка) вели дека секогаш по поразите на големите тениски турнири добива смртни закани.
Еден таков неочекуван пораз доживеа синоќа од Ема Радукану (150. на ВТА) од Велика Британија на женскиот дел од САД опен.
Американката која сензационално ја исфрли првата носителка Ешли Барти вчера беше немоќна во осминафиналето против Британката.
И сето тоа би било спортски – нормално доколку Шелби не добие смртни закани и недолични коментари на социјалните мрежи.
„По победа убаво е да се биде во центарот на вниманието. Но сега, ќе имам едно 9 милиони смртни закани и кој знае што друго. Екстремите многу брзо преоѓаат од една во друга фаза. Може да го погледнете мојот профил, веројатно сум сега `свиња дебела` и што и уште не“ рече Шелби пред новинарите.
Слични проблеми минатите денови имаше и Слоун Стивенс. Таа по поразот од Анжелик Кербер ги објави на социјалните мрежи смртните закани.