Британците го предупредиле народот дека денес на небото ќе можат да видат сателит кој со пламен влегол во Земјината атмосфера.
„Старлинк сателитот повторно влезе во Земјината атмосфера, но постои мала веројатност дека ќе ‘гори’ над Британија”, напиша британската вселенска агенција на Твитер.
Велат дека шансите се мали да предизвика било каква штета кога повторно ќе влезе во атмосферата, а претставници од агенцијата го следат нивниот напредок пред конечно да се распадне.
A Starlink satellite re-entered the Earth's atmosphere earlier today, with a low chance it may burn up over the UK very shortly.
We are monitoring its re-entry together with @DefenceHQ, and there is no expectation the re-entry will cause any damage. pic.twitter.com/bRbaywHxWe
— UK Space Agency (@spacegovuk) September 10, 2021
„Го следиме неговото повторно влегување заедно со Министерството за одбрана и нема очекување дека со тоа ќе нанесе било каква штета во атмосферата. Поради различни податоци, природните сили и со тие грешки во опсервацијата, секогаш постои високо ниво на несигурност за било какво предвидување”, додале од агенцијата.
Од Министерството за одбрана изјавиле дека ќе го следат неговиот напредок.
Џејк Гир, шефот на вселенскиот надзор и следење во Вселенската агенција наВелика Британија, рекол дека граѓаните можеби ќе имаат можност да го видат како гори на небото.