На урнатините на Киево се роди нов клуб – Го предводи легендарниот Пелисие

На урнатините на Киево се роди нов клуб – Го предводи легендарниот Пелисие

пред 3 години

Пред две недели, по 92 години постоење, згасна Фудбалскиот клуб Киево од Верона. Легендата на „летечките магариња“, Серџо Пелисие, се обиде да го спаси клубот, но не успеа да најде инвестори кои би го извлекле клубот од тешката финансиска ситуација.

Пелисие сепак не се откажа. Покрена иницијатива, собра околу себе луѓе нешто значат за Киево и формираше нов клуб. Откако му беше одбиено барањето клубот да го носи името Киево 2021, тој го формираше Кливенсе.

Новиот фудбалски субјект во италијанскиот фудбал, ќе започне да се натпреварува од деветтата лига. Тренер е поранешниот фудбалер, Рикардо Алегрети, а нападот ќе го предводи 42-годишниот Пелисие, кој пред две години стави крај на кариерата.

Во кариерата, легендата на Киево, одиграл 517 натпревари, постигнал 139 голови.

Share
Scroll to Top