Фолк-пејачката Тања Лазревска и сопругот Новица направија вистински џумбуш на свадба во Сиднеј во Австралија. Дека е така потврди и видеото на кое пејачката пее во жар сосе парите налепени на глава, па вели: „Кумата го отвори ќесето. Свадбарската, ‘ајде свате крени чаша, напи се…’, им се погоди и на младеницните, на кумата, па летаа долари на сите страни. Па и на чело. Фолк-пејачката веќе долги години живее во Австралија, со сопругот Новица и двата сина. Во интревју за „Репортер“ рече дека таму ја нашле среќата.