Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, во знак на благодарност, денеска им е домаќин на колегите лекари од болницата „Пирогов“ од Софија, Република Бугарија, чиј медицински тим им даде максимална здравствена нега и поддршка на нашите сограѓани кои беа повредени во тешката сообраќајна несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија.
Министерот Филипче и проф. д-р Иван Поромански, директор на софиската болница, д-р Маја Аргирова, началник на Клиниката за изгореници и пластична хирургија и главната сестра на болницата, ја посетија Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, како и Клиниката за неврохирургија во Скопје, каде што беа префрлени пациентите повредени во нереќата.