Ремек-делото на Гвардиола – „совршениот“ триаголник на Манчестер сити

Ремек-делото на Гвардиола – „совршениот“ триаголник на Манчестер сити

пред 3 години

Манчестер сити вчера со 6:3 го декласираше Лестер, во совршен натпревар кој ја покажува фудбалската филозофија на Пеп Гвардиола и колку е тешко да се игра против тој систем, без разлика на конкуренцијата, вели анализата на „Марка“.

Поранешниот тренер на Барселона и Баерн Минхен имаше домашни успеси и со овие клубови, а во Сити воспостави сличен систем на тој со кој Барселона ја направи еден од најсилните клубови во историјата. Во Сити, оваа тактика е донесена до совршенство, бидејќи во тимот нема класичен напаѓач.

Ниту еден друг тренер не успеа да ја воспостави шемата на Гвардиола со тесно поставување на бековите, кои честопати стануваат фудбалери од средината на теренот кога ја имаат топката и со што е тешко да ги „маркирате“. Дел од противничките фудбалери ќе ги следат бековите во центарот на теренот, со што отвараат простори каде што крилата на Сити може да ги нападат ривалите еден-на-еден, или да останат во иста позиција, и да дозволат Сити да има огромна предност во средината.

Ова креира совршен триаголник во играта на тимот, а голманот Едерсон честопати има улога на трет дефазивец. Додека бековите се „стиснати“, средината на теренот има шанса да притиска кон противничките напаѓачи. Тие исто така можат да се обидат да одат директно на гол.

Ова е систем за кој детално е пишувано во книгата „Pep Confidential“ од шпанскиот автор Марти Перарнау, објавена во 2014 додека тој беше фудбалер на Баерн Минхен.

„Идеалната ситуација е центарот да е отворен, за внатрешната страна и крајната страна директно да додаваат до него. Ако додавањето успее, тогаш си го прескокнал целиот центар на противникот, а ако ја загубиш топката, тогаш бекот може да ја пополни празнината. Кога ќе се смени однесувањето, тоа предизвикуа притисок на противникот, и ако не ги следат, тогаш имаш слободен човек, кој ќе ја повлече средината. И така постојано“, се вели во книгата.

За тие кои ги интересира повеќе, дел од фудбалската тактика и филозофија на Пеп во следните видеа:

Share
Scroll to Top