Ракометната репрезентација и оваа година го обележа големиот празник Бадник. Бадниковото лепче се кршеше денеска, а паричката се падна кај Мартин Серафимов.
Од 2012 па наваму, македонските репрезентативци најголемите празници не ги минуваат во кругот на семејство, туку во подготовки за големите натпреварувања.