Собраниска седница за избор на нова влада

пред 3 години

Предлогот за составот на новиот владин кабинет кој го достави мандатарот, Димитар Ковачевски, во следните два дена ќе биде пред пратениците во македонското Собрание.

Почетокот на седницата е закажан за 11 часот денеска, а за избор на новиот владин состав треба да гласаат најмајку 61 пратеник.

Собраниската седница трае најмногу два дена, а на крајот на вториот, односно утре пред полноќ треба да се одржи гласањето.

Share
Scroll to Top