Ѓоковиќ би можел да се врати во Австралија и пред истекот на тригодишната забрана, рече премиерот Морисон

Ѓоковиќ би можел да се врати во Австралија и пред истекот на тригодишната забрана, рече премиерот Морисон

пред 3 години

Светскиот ас Новак Ѓоковиќ вчера беше депортиран од Австралија откако ја изгуби десетдневната битка за виза. Според тамошните имиграциски закони, му следува тригодишна забрана за влез во државата. Но приемиерот Скот Морисон изјави дека тенисерот би можел да се врати во земјата порано од очекуваното.

„Забраната изнесува три години, но постои можност за него да се врати порано во вистинските околности и тоа ќе биде разгледано кога ќе дојде време“, рече тој.

Ѓоковиќ требаше денеска да игра на Отвореното првенство во Австралија, каде го очекуваше борбата за рекордната 21 гренд слем титула. Сепак, тој мораше да ја напушти земјата, откако судиите ја поддржаа одлуката на министерот за имиграција Алекс Хок по вторпат да му се одземе визата. Па вчера беше беше испратен до авионот на „Емирејтс“ за Дубаи, како попатна станица кон Белград.

Премиерот потенцираше дека тенисерот бил депортиран бидејќи се обидел да ги прекрши правилата за влез во земјата.

„Правилата се јасни: или си вакциниран или поседуваш валидно медицинско изземање и покажуваш доказ за него“, рече тој.

За потсетување, Ѓоковиќ допатува во Мелбурн со медицинско изземање од вакцинирањето, што му било одобрено од два независни медицински панела врз основа на позитивниот тест за коронавирус од декември, но сепак за тоа немало доволно оправдана причина според австралиските власти.

Share
Scroll to Top