Кеси ги одбил Тотенхем, сака титула со Милан?

Кеси ги одбил Тотенхем, сака титула со Милан?

пред 3 години

Фудбалерот од средниот ред на Милан, Френк Кеси ја одбил шансата да премине во Тотенхем во јануари, бидејќи сака да го исполни договорот со „росонерите“ и да се бори за скудетото, тврди „Калчомеркато“.

Според нивните извори Тотенхем и Милан подолго време се во преговори и бил склучен договор, но фудбалерот решил да ја отфрли шансата да се пресели во Англија. 25-годишниот Кеси ќе биде слободен играч на крајот на јуни, но сака да учествува во обидот на Милан да ја освои првата титула од 2011 година.

Милан му понудиле годишна плата од 6 милиони евра на репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, но тој ги одбил сите понуди за продолжување. Кеси има 205 настапи за Милан по трансферот од Аталанта во 2017, во кои има 35 гола и 16 асистенции.

Share
Scroll to Top