Синоќа од страна на полициски службеници од ОКР Кисела Вода лишен е од слобода Е.Х.(31) од Скопје.
За него била распишана потерница поради основано сомнение дека извршил кривично дело „тешка кражба” извршено на 15.02.2002 на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје.
Тој бил приведен во полициска станица, а при извршен службен разговор во целост го признал делото и го појаснил начинот на кој го извршил, а украденото е вратено на сопственикот.
За случајот е известен Јавен обвинител по чии насоки против Е.Х. ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 236 од Кривичниот законик.