Шарена пита од јајца и зеленчук

Шарена пита од јајца и зеленчук

пред 3 години

Потребни состојки:

5 јајца
4 кисели краставички
2 лажички ајвар
1/2 главица ситно сечкан кромид
црвени и зелени пиперки, тиквички, моркови, брокула, карфиол по желба
сол, бибер и магдонос по вкус

Начин на подготовка:

Јајцата изматете ги со вилушка или жица, па додајте ги ситно сечканите кисели краставички и една лажичка ајвар. Потоа додадете ситно сечкан зеленчук по желба, зачинете, сè убаво измешајте и истурете во длабока тава во која претходно е загреано маслото. По неколку минути пржење, свртете со силиконска шпатула од другата страна. Питата пресечете ја на триаголници и сервирајте ја со јогурт.

Share
Scroll to Top