Британската министерка за надворешни работи Лиз Трус денеска на седница на Советот за човекови права на ОН изјави дека Русија станува глобален отпадник и ги повика земјите дополнително да ја изолираат Москва поради руската инвазија на Украина.
„Ги повикувам државите да ги осудат ужасните постапки на Русија и да ја изолираат на меѓународната сцена“, рече Трус.