Отворањето на хуманитарниот коридор е нов почеток

пред 3 години

Градоначалникот на Мариупол, град во источна Украина, Вадим Бојченко, изјави дека отворањето на хуманитарниот коридор и прекинот на огнот во тој град ќе овозможи почеток на нова инфраструктура – струја, вода и мобилни комуникации.

„Ќе може да се обезбеди и основна храна и лекови“, напиша Бојченко на Телеграм.

Претходно руското Министерство за одбрана објави дека стапува на сила прекин на огнот со цел да се отворат хуманитарни коридори за излез на цивили од Мариупол и Волноваха.

Мариупол е под блокада на руските сили.