Украинскиот преговарач Подољак: Продолжија интензивните консултации за прекинот на огнот

пред 3 години

Заврши третата рунда мировни преговори меѓу Русија и Украина.

Оваа информација беше споделена на официјалниот Твитер профил на украинскиот преговарач Михаило Подољак.

– Третата рунда преговори заврши. Има мал позитивен напредок во подобрувањето на логистиката на хуманитарните коридори. Продолжија интензивните консултации за основниот политички блок регулативи, со прекин на огнот и безбедносни гаранции – напиша тој.

Третата рунда преговори се одржа во Беловежскаја Пушча, национален парк на границата меѓу Белорусија и Полска, напиша агенцијата Белта на својот профил на Телеграм.

Потсетуваме, по другите преговори во четвртокот, беше постигнат договор само за создавање хуманитарни коридори за цивилите во областите на тешки борби.

Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат дека спречуваат евакуација на цивили.