Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро денеска оцени дека новата светска војна е веќе започната, но дека сега е од економска природа.
Мадуро објасни дека целта во оваа војна е да се „задушат“ цели земји и регионот и да се предизвика нестабилност во снабдувањето со суровини, храна и енергија.
Според него, оваа војна може да премине од економска фаза во вистинска вооружена конфронтација со ризик од употреба на нуклеарно оружје, пренесува РИА Новости.
– Јас бев еден од оние кои првично не ја исклучија можноста Украина да има оружје за масовно уништување насочено кон Русија. Во светот постои реална опасност од нуклеарна војна. Венецуела ја повикува светската заедница да се освести – заклучи Мадуро.