Кејти Холмс се плаши дека скиентолози ќе ја киднапираат ќерка ѝ

Кејти Холмс се плаши дека скиентолози ќе ја киднапираат ќерка ѝ

пред 4 години

Глумицата Кејти Холмс се плаши за својата ќерка Сури Круз. Таа стравува дека членови на Скиентолошката црква, во која е и нејзиниот поранешен сопруг Том Круз, ќе ја киднапираат и ќе ја направат нејзин член.

„Кејти и Сури се наразделиви. Секогаш сакаат да бидат заедно. Кејт никогаш не и дозволува на ќерка ѝ да оди некаде сама“, открива извор близок до глумицата.

Тој вели дека таа внимава на неа, затоа што знае дека скиентолозите постојано ја следат. Таа се плаши дека Том и неговата заедница ќе направат сè за да ја присвојат Сури во нивната заедница, особено кога тоа ќе стане легално.

Том веќе е еден од високите членови во црквата, па затоа во нивните очи Сури е нешто како месија, смета Кети. Во целата приказна беше вмешана и глумицата и поранешна членка на црквата Лија Реимини, која пред два месеци изјави дека Том има намера да ја киднапира ќерка му.

Таа за „Њујорк Пост“, раскажа дека многу е веројатно, Том да ја киднапира Сури кога таа ќе наполни 15 години, односно следниот април.

Скиентологијата е позната по тоа што верува дека човекот е бесмртно духовно суштество, а Том веќе во неколку ситуации има влезено во конфликт со колеги и познаници кои имале поинакви мислења од неговото.

 

Share
Scroll to Top