Загина украинската актерка Оксана Шветс при ракетен напад на Киев

Загина украинската актерка Оксана Шветс при ракетен напад на Киев

пред 3 години

Украинската тератарска и филмска актерка Оксана Шветс (67) загина во ракетен напад од страна на Русија, врз станбената зграда во Киев во која се наоѓала. Благодарение на својата повеќедецениска работа, ја добила и титулата за „Почесен уметник на Украина“, која важи за една од најпрестижните награди во земјата, која се доделува само на најуспешните уметници во земјата.

Веста за нејзината смрт ја соопшти „Млад театар“, каде што работела.

„За време на ракетното гранатирање на станбена зграда во Киев е убиена почесната уметничка на Украина, Оксана Шветс. Светол спомен за талентираната актерка! Нема прошка за непријателот што дојде во нашата земја!“, се вели во соопштението од театарот.

Шветс е родена на 10 февруари 1955 година. Дипломирала на театарскиот театар „Иван Франко“ и на Државниот институт за театарска уметност во Киев. Таа исто така работела и во Тернопилскиот музички и драмски театар и Киевскиот театар на сатира.

Веста за нејзината смрт ја потврди и „KyivPost“.

За потстеување, минатата недела загина и украинскиот актер Паша Ли при гранатирање на Киев. Тој се пријавил за територијална одбрана на Украина уште во првите денови од војната.

Украинскиот глумец и водител Паша Ли загина при гранатирање на Киев

Share
Scroll to Top