По четири последовни победи, во серијата во која паднаа Фенербахче, Басконија, Реал Мадрид и Макаби, Црвена звезда вечерва гостуваше кај водечката Барселона во рамките на 30. коло од Евролигата и претрпе пораз со резултат 82:70.
По добриот почеток на гостите во првите осум минути, кога на семафорот стоеше 15:15, Барселона направи серија од 20:2 и стигна до убедливо водство од 35:17.
Во тој период во тимот на Барселона се истакнаа Миротиќ и Дејвис, додека Звезда во игра ја одржуваше Огњен Добриќ, кој првото полувреме го заврши со дури 15 поени.
По 20 минути игра, Барса водеше со 47:32 и успеа да ја одржи таа предност во текот на третата четвртина, но во еден момент стигна и до 22 поени позитива – 59:37.
На почетокот на последната четвртина се разигра Никола Ивановиќ, а со поените на Лазаревиќ и на Волтерс, Црвена Звезда намали на само осум поени – 67:59.
Сепак, налетот на Црвена Звезда беше одбиен и Барселона стигна до победа.
Миротиќ остана најефикасен со 19 поени и четири скока, а кај Црвена Звезда се истакнаа Добриќ со 17 и Ивановиќ со 13 поени.
Басконија ја совлада АЛБА со 85:68. Во победничкиот тим најефикасен беше Рокас Гиедраитис со 22 поени.