Бензема ги однесе Реал во полуфинале по 120 минути против храбрите Челси

Бензема ги однесе Реал во полуфинале по 120 минути против храбрите Челси

пред 3 години

Карим Бензема беше херој на Реал Мадрид на првиот меч од четврт-финалето во Лигата на шампионите против Челси, постигнувајќи хет-трик на „Стемфорд Бриџ“ за убедлива 1:3 победа, и повторно беше човекот кому „кралевите“ треба да му бидат благодарни, откако го постигна клучниот гол во продолженијата за Реал да загуби со 2:3 против мотивираните актуелни шампиони, резултат кој беше доволен за пласман.

Мејсон Маунт уште во првото полувреме ги донесе Челси до водство од 0:1, за да му му асистира на Антонио Ридигер за 0:2 на почетокот на второто полувреме, резултат со кој се „поништи“ предноста на Реал.

Тимот на Томас Тухел покажа дека не случајно лани стана европски шампион со одлична игра и голот на Тибо Куртоа постојано беше во опасност. Маркос Алонсо даде уште еден гол, кој беше поништен поради игра со рака, пред Тимо Вернер во 76. минута да зголеми на 0:3, резултат за елиминација на 13-кратниот европски шампион. Но, тогаш на сцена стапи 36-годишниот Лука Модриќ, кој имаше совршена асистенција до Родриго, кој само што беше внесен во игра, за 1:3 и приморување на продолженија.

Во нив, конечно, профункционира врската Винисиус Жуниор-Бензема, за 2:3, чесен пораз, но и пласман во полуфиналео, каде што ќе ги чека подобриот од утрешниот дуел меѓу Атлетико Мадрид и Манчестер сити (англискиот клуб има 1:0 предност од првиот меч).

Share
Scroll to Top