Велика Британија и Холандија го презедоа чувањето на небото над Романија и Бугарија, соопшти НАТО.
Ова е дел од одговорот на алијансата на руската инвазија на Украина. Така, британските борбени авиони од типот „Еурофајтер Тајфун“ ќе ја преземат заштитата на небото над Романија од италијанските „Еурофајтерс“, објави Индекс.хр.
The Netherlands ?? & the UK ?? have taken over #NATO’s enhanced air policing over #BlackSea Allies #Bulgaria ?? & #Romania ??✈️
??Typhoons are replacing ?? Eurofighters in Romania??
??F-35 fighter jets are taking over from ??Eurofighters in Bulgaria??
➡️https://t.co/NMd5fpQ6lL pic.twitter.com/BeZW5ibwJc
— Oana Lungescu (@NATOpress) April 12, 2022
Што се однесува до Бугарија, холандскиот „Ф-35“ ќе го чува небото над таа земја наместо естонските „Еурофајтерс“. „Ф-35“ се меѓу најмодерните и најскапите борбени авиони во светот.