Во Украина денеска се отвораат девет хуманитарни коридори, објавени се детали

пред 3 години

За денеска е договорено отворање на 9 хуманитарни коридори, соопшти вицепремиерката на Украина, Ирина Верешчук.

Оние кои сакаат да се евакуираат од градовите Мариупол, Бердјанск, Токмак и Енерходар во Запорожје, тоа можат да го сторат со автомобил, рече Верешчук на апликацијата Телеграм.

Хуманитарните коридори во регионот на Луганск зависат од тоа дали руските сили ќе престанат со гранатирањето, додаде таа.