Казнет возачот кој со автомобил го премина Камениот мост

пред 2 години

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во текот на вчерашниот ден (25. април) е санкциониран И.А. (68) од гостиварското село Чегране, кој со автомобил се движеше по Камениот мост во Скопје.

Изречени му се мерки поради движење спротивно на сообраќаен знак, паркирање во пешачка зона и истечена важност на сообраќајна дозвола.

 

Share
Scroll to Top