Почина Мино Рајола еден од најпознатите фудбалски менаџери

Почина Мино Рајола еден од најпознатите фудбалски менаџери

пред 4 години

Еден од најпознатите и највлијателни менаџери во светот на фудбалот, Мино Рајола, почина денес на 54 години. Италијанските медиуми пренесоа дека на средината на јануари тој беше однесен во болница во Милано, каде бил опериран и дека се борел за живот. Детали не беа изнесени.

dobivaj vesti na viber

Лекарите подоцна објавија дека тој е подобар и дека ќе оздрави. Рајола е роден во 1967 година во Италија, но поголемиот дел од детството и младоста го поминал во Холандија.

Своето реноме во светот на фудбалот го изгради со трансферите на Денис Бергкамп и Павел Недвед. Во годините што следеа стана синоним за најголемите трансфери и најдобрите играчи.

Беше агент на некои од најголемите фудбалски ѕвезди, вклучувајќи ги Златан Ибрахимовиќ, Пол Погба, Ерлинг Холанд и други.

Share
Scroll to Top