Костјук на бизарен начин го предаде мечот во женски двојки

Костјук на бизарен начин го предаде мечот во женски двојки

пред 3 години

Бизарен крај доживеа осмина-финалниот дуел во женси двојки на мастерсот во Рим, помеѓу руската комбинација Анастасја Пављученкова и Вероника Кудерметова и украинско-романската комбинација Марта Костјук и Елена-Габриела Русе.

Пављученкова и Кудерметова убедливо го добија првиот сет со 6:1. Во паузата помеѓу првиот и вториот сет, Украинаката Костјук замина во соблекувалната и не се врати на теренот.

Кога по неколку минути на Русе и станало јасно дека нејзината партнерка нема да се врати го предала мечот.

Костјук, од почетокот на руската инвазија врз Украина, неколку пати жестоко ги критикуваше колешките од Русија бидејќи не ја осудија воената интервенција.

Share
Scroll to Top