„Моторола“ ќе го лансира новиот телефон со камера од 200 мегапиксели во јули

„Моторола“ ќе го лансира новиот телефон со камера од 200 мегапиксели во јули

пред 2 години

Моторола потврди дека овој јули ќе го лансира првиот уред со камера од 200 мегапиксели. Најавата стигна преку кинеската социјална мрежа Weibo, а од компанијата најавија дека овој телефон ќе биде ново мерило за фотографско искуство.

dobivaj vesti na viber

Иако од компанијата засега не го открија името на новиот телефон, за истиот се зборува веќе некое време. Уредот наводно се нарекува Motorola Frontier, а се шират гласини дека доаѓа со нов Samsung HP1 сензор. Освен главна камера од 200 мегапиксели, ќе има и ултраширок сензор од 50 мегапиксели, телефото камера од 12 мегапиксели, како и селфи камера од 60 мегапиксели.

Гласините тврдат дека Frontier ќе биде достапен во конфигурација со 8 и 12 гигабајти рам и дека OLED екранот ќе биде дијагонален од 6,68 инчи, FHD+ резолуција и дека ќе биде освежен со брзина од 144 Hz.

 Motorola Frontier flagship telefon slike 7.jpg - SmartLife / Twitter / @evleaks

Се очекува телефонот да го покрене новиот Snapdragon 8+ Gen 1 чипсет, а и од самата „Моторола“ најавија дека се подготвува телефон со овој процесор.

Некои тврдат дека со ова „Моторола“ го најави и промовира својот флексибилен телефон Razr 3, за кој исто се очекува да биде придвижуван од водечкиот Snapdragon, но според објавите на Weibo, Frontier ќе биде лансиран пред новиот Razr модел.

 Motorola Frontier flagship telefon slike 5.jpg - SmartLife / Twitter / @evleaks

Засега ништо не е сигурно, но сите велат дека би биле позитивно изненадени доколку компанијата ги објави двата телефони во исто време. Се очекува од „Моторола“ да споделат повеќе информации во наредните недели. Засега делува дека новиот уред најпрво ќе биде промовиран во Кина, а потоа и во другите делови од светот.

 Motorola Frontier flagship telefon slike 3.jpg
 Motorola Frontier flagship telefon slike 4.jpg - SmartLife / Twitter / @evleaks


Ќе ви се допадне

Share
Scroll to Top