По политичките немири и судири на политичките фракции, кои од 5 октомври ја тресат престолнината на Киргистан, ситуацијата во главниот град се стабилизира. Претставник на командната гарда соопшти дека од воведувањето на полицискиот час немало сериозни кршења на законот. На социјалните мрежи се наведува дека приврзаниците на новопоставениот премиер Садир Жапаров прославуваа синоќа пред неговата куќа до 23 часот иако полицискиот час трае од 21 до 5 часот наутро. Во градот се распоредени воени единици и вооружување, на премините до престолнината има контролни пунктови, а на граѓаните им е ограничено движењето. Забранета е продажбата на алкохолни пијалоци по 18 часот и сите масовни собири, а јавниот превоз и продавниците работат нормално.
Се смирува ситуацијата во Киргистан
пред 4 години