Атлетико Мадрид го претстави Молина

Атлетико Мадрид го претстави Молина

пред 4 години

Атлетико Мадрид официјално го објави потписот на десниот бек на Удинезе, Науел Молина, кој потпиша петгодишен договор со новиот клуб. Трансферот изнесува 20 милиони евра, а дефанзивецот Нојен Перез ќе замине на позајмица од Атлетико Мадрид во Удинезе како дел од договорот.

Така, тренерот Диего Симеоне конечно ќе има класичен десен бек по продажбата на Киеран Трипие во Њукасл во јануари.

24-годишниот поранешен член на Бока Јуниорс мина две сезони во Удинезе, забележа 68 настапи со ефект од 10 гола и 10 асистенции. Има 16 меча и за Аргентина, со која ги освои Копа Америка и трофејот „Финалисима“.

Share
Scroll to Top