Новиот филм на Џорџ Клуни и Џулија Робертс, „Билет за рајот“ ќе има премиера на крајот на септември, а глумците во интервју открија дека единствената сцена каде што се бакнуваат ја преснимувале осумдесет пати.
Тие во филмот глумат разведени родители кои се обидуваат да ја спречат својата единствена ќерка да се омажи.
„Со месеци ја преснимувавме сцената. Можеби 80 пати. Кога ѝ кажав на жена ми, нејзината реакција беше: ‘Што по ѓаволите? Па дали сте нормални?’“, рекол Клуни во интервјуто.
„Тоа е затоа што првите 79 пати не можевме да престанеме да се смееме. Ама, моравме да ја снимиме како што треба“, додала Робертс.
Филмот „Билет за рајот“ го напиша и режираше Ол Паркер, режисерот на „Мама Миа“. Имињата на ликовите оригинално биле Џулијан и Џорџа, што според Клуни бил уште еден доказ дека тој и Џулија треба да ги глумат главните улоги. Но, ја прифатил улогата дури откако Џулија се сложила да глуми со него.
Клуни и Робертс се долгогодишни пријатели и до сега заедно работеле на „Единаесетмината на Оушн“ и „Чудовиште за пари“.