Болоња му даде отказ на тренерот Синиша Михајловиќ откако освои само три бода во првите пет натпревари од Серија А. Тоа е еден од шесте клуба кои немаат победа годинава во италијанската лига.
Михајловиќ имаше несогласувања со раководството на клубот околу трансферите ова лето, откако си заминаа клучни играчи, а за нив не се најдоа соодветни замени.
Михајловиќ беше тренер на Болоња од 2019 година и во тој период двапати се бореше со леукемија, но успешно го водеше клубот. Сега италијанските медиуми пишуваат дека клубот немал слух за болеста на нивниот тренер и дека нивниот потег е неетички.
Пишуваат и дека нов тренер на клубот ќе биде Тијаго Мота, Клаудио Раниери или Роберто Де Зебри.