Македонија го доживеа и третиот пораз на Европското првенство како домаќин, откако Романија се покажа пресилна во второто полувреме (23:31), завршувајќи го настапот без шанса за пласман во втората фаза.
Сепак, на девојките не може да им се замери за борбеноста и посветеноста кон националниот дрес, така што се надеваме дека искуството кое го добија ќе биде драгоцено во иднина.