Нестварен натпревар одиграа Србија и Камерун на отворањето на деветтиот натпеварувачки ден на СП во Катар. На крајот немаше победник, мечот заврши 3:3.
Србија, наивно, му подари бод на Камерун, во ситуација кога имаше предност од 3:1 и целосна контрола на теренот.
Србите тргнаа жестоко, Митровиќ во 11.минута ја погоди стативата, а неколку минути подоцна, најдобриот стрелец на Србија од девет метри го промаши целиот гол.
Во екот на нападите, српските фудбалери доживеаја целосен шок. Лошо се бранеа Србите по првиот корнер на Камерун, Кастелето во 28.минута остана сам на втората статива и само ја спроведе топката во празната мрежа.
Србија бргу се врати по примениот гол, со брлиц криг во судиското надополнување на времето.
Павловиќ во првата минута беше највисок по третиот корнер на Србија, а две минути подоцна Сергеј Милинковиќ-Савиќ од 16 метри упати прецизен удар кој заврши во голот.
Моментумот од финишот на првиот дел Србија го пренесе и во вториот, по извонредна тимска акција, Митровиќ зголеми на 3:1.
Србите продолжија да напаѓаат, оставија премногу простор, што го искористи Абубакар. Играчот кој влезе од клупата, најпрвин во 63.минута намали на 2:3, а три минути подцна му асистираше на Шупо-Мотинг за голема радост на камерунските навивачи.
До крајот Србија имаше две шанси, но не успеа да дојде до трите бода.
Во последното коло Србија ќе игра против Швајцарија, а Камерун против Бразил.