На Државното првенство во бразилско џиу џицу (БЏЏ) кое се одржа на 25 февруари во градот Ралеиг, САД, стружанецот Сотир Настоски, кој е истакнат карате мајстор го освои второто место во дисциплината но-ги (без кимоно).
Настоски, кој настапува за Бразилскиот топ тим Шарлот, во финалето се сретна со Џибрил Диоп од САД.
На првенството учествуваа преку 600 натпреварувачи во различни дисциплини.