Македонската фудбалска легенда Горан Пандев доби „Златна бубамара на популарноста“ за спортска легенда.
Игор Џамбазов му посвети и песна во негов стил, односно ја преработи песната на Ману Чао „Ла вида Томбола“ посветена на Марадона.
Кога Пандев се појави на сцената публиката го поздрави со стоечки овации и аплауз, а тој се пошегува: „По 8 месеци во пензија ме фати трема пред толку голема публика“.
На 26-тото издание на „Златна бубамара на популарноста“, награда доби уште еден Струмичанец. За најпозната труба беше прогласен Џамбо Агушев, кој има светски успеси и заедно со ДНК ја изведоа песната „Ако утре ме нема“.