Хамас денеска ќе ослободи 14 заложници, велат Египетските власти

Хамас денеска ќе ослободи 14 заложници, велат Египетските власти

пред 10 месеци

Египетските власти соопштија дека Хамас денеска ќе ослободи 14 заложници во замена за 42 палестински затвореници кои ги држи Израел.

Тоа доаѓа откако египетските безбедносни претставници изјавија за новинската агенција Ројтерс дека добиле список на заложници што требаше да бидат ослободени денеска, а израелската затворска служба соопшти дека се во тек подготовки за ослободување на 42 Палестинци.

Според четиридневниот договор за примирје, се очекува Хамас да ослободи по еден израелски заложник на секои тројца ослободени затвореници.

Тоа доаѓа откако вчера 39 Палестинци беа ослободени од израелските затвори по ослободувањето на 13 израелски заложници од страна на Хамас.

Други 11 странски државјани – еден Филипинец и 10 Тајланѓани – исто така беа ослободени според посебен договор.

Текстот Хамас денеска ќе ослободи 14 заложници, велат Египетските власти е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top