Јулија Навални: Ако е вистина дека мојот сопруг е мртов, сакам Путин да знае нешто…

„Твитер“ првин го деактивираше, па го активираше профилот на сопругата на Навални

пред 2 години

Социјалната мрежа „Икс“, претходно позната како Твитер, го деактивираше профилот на Јулија Навални, вдовицата на Алексеј Навални – рускиот опозициски лидер кој почина во затвор, пишува „Гардијан“. Сепак, профилот повторно е активиран.

Компанијата „Икс“ не кажа зошто профилот бил исклучен.

Сопругата на Навални ги обвини руските власти дека го убиле нејзиниот сопруг, го сокриле неговото тело и чекале од него да исчезнат трагите од нервниот агенс Новичок.

Рускиот опозиционер Навални почина во петокот на 16 февруари, соопшти руската Федерална поправна служба за областа Јамало-Ненец, додавајќи дека Навални се чувствувал лошо по утринската прошетка и изгубил свест, по што неуспешно бил реанимиран.

Текстот „Твитер“ првин го деактивираше, па го активираше профилот на сопругата на Навални е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top