Полуфиналето на тенискиот турнир во Санкт Петербург го одбележа инцидент.
Во клучните моменти во третиот сет на дуелот меѓу Андреј Рубљев и Денис Шаповалов се случи скандал.
Канадскиот тенисер не можејќи повеќе да ја поднесува вревата што на трибините ја правел навивач на противникот,, побарал од судијата човекот да биде исфрлен од стадионот.
Во моментите кога Рубљов имаше брејк топка, Шаповалов го промаши првиот сервис, а навивачот од трибините започна гласно да аплаудира. Сцената го деконцентрираше 12-тиот светски тенисер во моментов и тој го загуби поенот.
Shapovalov not happy with someone in the crowd making constant disruptions. “Get outta here” He wanted the guy evicted. (?TennisTV) pic.twitter.com/pNfGnmCi0a
— tennis gifs ?? (@tennis_gifs) October 17, 2020
Не можеше да се воздржи, па гласно му се обрати на навивачот – „Излези надвор“.
Судијата се обиде да го смири, но Шаповалов нервозно рече дека нема да продолжи да игра се додека тој навивач не бите отстранет од трибините.
„Тој тоа го прави цел меч, не е првпат сега во овој гем, не заслужува да биде тука“ – рече канадскиот тенисер.
Набрзо потоа мечот продолжи, но Шаповаов не успеа да ја врати концентрацијата и на крај Рубљев славеше пласман во финале.
Rublev beats Shapovalov to move into St Petersburg final!
HUGE W for Andrey Rublev! The Russian knocks out fellow London contender Shapovalov to reach the St Petersburg final ??
Posted by Tennis TV on Сабота, 17 октомври 2020