На „Ноу Камп“ дојде со ќесе, постигна гол во ЛШ и си замина дома со такси

На „Ноу Камп“ дојде со ќесе, постигна гол во ЛШ и си замина дома со такси

пред 4 години

Педро Гонзалес Лопез или скратено Педри синоќа го постигна првиот гол во кариерата за Барселона. Педри беше стрелец на еден од петте голови со кои Барселона славеше над Ференцварош (5:1) во Лигата на шампионите.

Барселона за 17 годишниот напаѓач на Лас Палмас, во јануари оваа година, им плати 5.000.000 евра.

Педри по натпреварот е тема во шпанските медиуми. Пред натпреварот на „Ноу Камп“ пристигнал со ќесе од супер-маркет, потоа постигна гол, а од стадионот си заминал со такси.

Напаѓачот за нешто повеќе од еден месец ќе наполни 18 години и тогаш, како и останатите соиграчи, ќе може да вози автомобил.

 

Share
Scroll to Top