Грчките вооружени сили започнаа со поставување вештачки препреки, поправка на набљудувачници и инсталирање на осветлување долж грчката граница во Еврос.
Целта на работите е да се олесни работата на грчката полиција и Фронтекс при патролирање, надзор и безбедно да се спречи нелегалното влегување во Грција.
Работите се одвиваат истовремено со изградбата на оградата долга 26 километри, јави АНА.
Тие се изведуваат според упатствата на Грчкиот штаб за национална одбрана, со учество на инженерски единици и градежни одреди на вооружените сили во областа Еврос.