(Видео) Ниланд како аматер, Португалија победи во Норвешка

(Видео) Ниланд како аматер, Португалија победи во Норвешка

пред 1 час

Португалија во Осло ја победи Норвешка со 2:1, во Лигата на нации. Португалците, без Кристијано Роналдо, кој го преседе мечот на клупата за резерви, победија благодарение на катастрофалната грешка на норвешкиот голман Ниланд.

Норвежаните го диктираа ритамот на самиот почеток, а потоа на земја ги спушти Жоао Феликс, кој интелигентно погоди во 17-та минута.

Откако се опоравија од шокот Норвежаните нападнаа жестокот, но голманот Диого Кошта се истакна со две интервенции против Ерлинг Халанд.

Домашниот тим го отвори вториот дел со напади кон голот на Португалија. Изедначи во 51-та минута, кога норвешкиот Ерлинг Халанд ја затресе мрежата на Диого Кошта.

Халанд го постигна 57-от гол во 65-от натпревар за норвешката репрезентација. Вклучувајќи ги и головите постигнати на клупско ниво, Норвежанец има 381 гол во 473 настапи. Нереално.

Во 54-та минута Ниланд направи ужасна грешка при додавањето на топката, му ја подари на Гонзало Рамош, а напаѓачот на Милан само ја префрли преку голманот во празната мрежа.

Неколку минуит подоцна, Нилад направи уште една грешка, Рамош повторно постигна гол, но се активираше ВАР и го поништи голот поради претходен офсајд.

Share
Scroll to Top