ВМРО-ДПМНЕ денеска објави нови имиња за кандидати за градоначалници, а ова го коментираше и портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Според неа, ова не се нови лица на опозицијата, туку како што вели, добро познати луѓе од режимот на екс-премиерот Никола Груевски.
„Она што го слушнавме во голем дел се повторно имиња кои веќе имале држвни и локални функции од времето на режимот односно од времето на Никола Груевски и може да заклучеме дека навистина ова е понуда од немај каде, како едвај да нашле кандидати кои што се спремни да изгубат на претстојните локални избори. Она што е интересно, повторно од ВМРО-ДПМНЕ не слушнавме кандидат за градоначалник во град Скопје и тоа повторно не води до заклучокот и јавноста треба да знае дека токму ВМРО-ДПМНЕ има многу мала доверба во главниот град, секако и во една од најголемите општини во градот Скопје – Центар каде што поддржуваат кандидатка од мал коалиционен партнер“, истакна портпаролката на СДСМ.





