Возеле под дејство на алкохол, 66 возачи на територијата на државата добиле казни

пред 3 години

66 возачи биле санкционирани бидејќи управувале возила под дејство на алкохол, извести МВР, откако вчеравечер во периодот од 20.00 часот до 01.00 часот спровела зајакната полициска контрола на територијата на целата држава.

Овие возачи, велат од МВР, биле веднаш исклучени од сообраќај.

Притоа најголем број на возачи кои управувале возило под дејство на алкохол имало во Скопје-22, СВР Битола-11, СВР Тетово – 7, СВР Штип-6.

Share
Scroll to Top