До полноќ траеа жестоките препукувања помеѓу пратениците во Собранието на Законодавно-правната комисија. Измените на Законот за работни односи се разгледани според извештајот потпишан од Снежана Калеска – Ванчева. Расправата во салата била тензична дотаму што, пратеникот Бајрам Кадрија од ДУИ го држи и штити микрофонот на кој зборува Калеска – Ванчева, додека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да го исклучат за да не се прогласи крај на седницата, бидејќи според нив, таа не била ниту започната.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„ Комисијата Предлог на законот за дополнување на Законот за работните односи, го проследи на натамошна постапка во Собранието“, стои во извештајот потпишан од Калеска – Ванчева, каде отфрлени се над 300 амандмани.
Заменик-координаторката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во 1 часот по полноќ одржа и прес-конференција. Таа кажа дека не добиле процедурални обраќања бидејќи мнозинството пратениците имале за цел точно на полноќ да заврши расправата на комисијата.
„ Немавме можност за процедурални забелешки и да ги кажеме дека овој закон не беше за во скратена постапка, ниту за на Комисијата за европски прашања. Расправа немаше на ниту една комисија. Се беше противзаконски. Во паника се. Вчера потклекнаа да извршат физички напад врз нас и наши колеги, денес исто се случуваше. Мора да знаат дека ќе ја сносат одговорноста. Се обидовме да ги вразумиме, побаравме пауза. Не ни дадоа, бидејќи морало да помине ова во 12 часот. Затоа ви ја честитам Среќна нова ’49 со оваа криминална и мафијашка власт. Нека го отворат шапањското и нека добијат само горчив вкус, бидејќи горчина има во сите кои очекуваат нешто од оваа власт која си поигрува со сите“, кажа Стојаноска.
Таа посочува дека била отворена амандманска расправа, настанал хаос, а кога пратеникот Зоран Коцевски побарал збор – не добил.
„ Исто како што постапивме на Комисијата за европски прашања, она што можевме да го направиме, а да не е протолкувано како провокација и насилство, станавме и зборувавме. Не дозволувавме да оди преку микрофон прогласувањето на крајот на оваа седница, бидејќи бевме далеку од почеток а не до крај. Прогласија крај на нешто што воопшто не започна. Им прочитавме член од Деловникот каде се вели дека расправата откако ќе започне трае најмногу два дена. Ниту на Комисија за европски прашања ниту на Законодавно-правната комисија“, кажа Стојаноска.
Измените на Законот за работни односи треба да се најдат на пленарна седница. Таа може да се одржи веднаш откако ќе заврши седницата за поставување на пратенички прашања која е закажана за во 11 часот.