Истрага за пронајдени пет килограми марихуана во Велес

пред 4 години

Велешкото Основно јавно обвинителство донесе наредба за истражна постапка против жител на овој град на возраст од 29 години поради сомневање дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Осомничениот велешанец, на 11 март, заради продажба неовластено држел марихуана во вкупна количина од 4.957,86 грама и тоа во повеќе пакувања во градината пред куќата во која живее, во собата во која престојувал и во автомобилот.

Дрогата била пронајдена и одземена од полициски службеници на СВР Велес при вршење претрес кај осомничениот на кого сега му е определен притвор во траење од 30 дена.​​

Share
Scroll to Top