При претрес на патничко возило „голф“ управувано од 32 годишен скопјанец била пронајдена синтетичка дрога амфетамин, соопшти полицијата.
Според информации од МВР, денеска на територија на скопската населба Чаир полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога запреле патничко моторно возило „голф“ со скопски регистерски таблички, управувано Е.М. (32) од Скопје, кај кого била пронајдена синтетичка дрога амфетамин.
Е.М. е приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесена кривична пријава, додаваат од министерството за внатрешни работи.