Арсовски: Соработува ли ЈО со Весковски и Шилегов и наместо да ги повика на распит им дојавува информации за случајот

пред 3 години

ВМРО-ДПМНЕ прашува дали Јавното обвинителство соработува со градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и директорот на „Водовод“, Душко Весковски, па наместо да ги повика на распит им дојавува информации од случајот со тендерот за улицата Варшавска, за кој опозициската партија тврди дека бил наместен.

Потрпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, со денови на прес-конференции тврди дека поседуваат докази за местење на тендерот од 300.000 евра, кој е распишан и даден на фирмата КБК Инженеринг и Кодинг 2, а  која од претходно ги извршила работите. Арсовски тврди дека и градежните работи и зафати се плаќани 2 до 3 пати поскапо од тоа што биле плаќани до 2017-тата година.

„ЈО и Вилма Русковска каде што е поднесена кривичната пријава и доставени доказите да не чекаат и да постапат веднаш, имаат доволно докази и повеќе од што треба за веќе директорот на ЈП Водовод, и градоначалникот на Град Скопје, да бидат дел од истрага. Наместо тоа, наместо да водат истрага за сериозен криминал тие вршат притисок кон политички неистомисленици и кандидати од опозицијата за што бевме сведоци вчера на еден смешен случај. Наместо да го гонат криминалот за кој што им доставуваме докази тие отвораат случај каде што се увидело уште пред 10 години дека не постои никаков случај. Класични конструкции се со цел да се наштети на кандидатите на ВМРО, а наспроти тоа да се заштити криминалот на СДСМ“, додаде Арсовски.

ВМРО-ДПМНЕ претходно неделава ја достави документацијата до Обвинителството.

Share
Scroll to Top