Бектеши: Донесена одлука за едностран раскин на договорот за концесија за ископ на песок во Долно Коњаре

пред 3 години

На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука за еднострано раскинување на Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина – песок и чакал на локалитетот с.Долно Коњаре со концесионерот Друштвото за производство, трговија, туризам и рибарство ЕУРО ПРОГРЕС ДООЕЛ експорт-импорт с. Долно Коњаре Петровец.

„ Според извештајот од Инспекторатот за животна средина, Министерството за економија утврди дека концесионерот не се придржувал кон решенијата и мерките во однос на заштитата на животната средина утврдени со прописите од областа на животната средина, односно експлоатацијата на минералната суровина е вршена надвор од крајбрежниот појас во широчина од 50 метри зад линијата на допирање на педесетгодишната вода кај нерегулираниот водотек на реката Пчиња“ напиша министерот Бектеши на својот Фејсбук.

На 55 седница одржана на 18 март 2021 година Владата донесе одлука за привремено запирање на експлоатацијата на чакал на реката Пчиња во атарот на село Средно Коњари додека трае увидот на Државниот инспекторат за животна средина, заради укажувањата на населението дека ископот на чакал се врши надвор од пропишаното со концесијата и додека не биде донесена нова одлука согласно наодите на надлежниот инспекторат.

Државниот инспекторат за животна средина, по налог на Инспекцискиот совет спреоведе вондреден иснпекциски надзор над концесионерот, по што достави извештај до Министерството за економија со кој се укажува дека истиот не постапувал согласно Договорот за концесија и експлоатација на минерална суровина-песок и чакал.

Share
Scroll to Top